Јорданчо Костадинов – Поддршка за спортот и младите во Општина Чешиново-Облешево

Поддршка за спортот и здравиот живот мора да биде една од клучните и приоритетни заложби во работата на идниот градоначалник.



Мотивиран сум од потребата на нашите најмали да им се создадат услови за непречен и успешен спортски живот. Едно е јасно. Спортот прави младите да се развиваат и растат здраво и далеку од пороците и лошите навики. Нашиот избор се спортски терени наместо казина. Фитнес центри наместо сомнителни и небезбедни ноќни клубови.



Со домаќинско планирање на средствата од буџетот на општината, како иден градоначалник на Општина Чешиново- Облешево ќе ги помагаме сите спортски клубови и ќе ги одржуваме постоечките спортски терени, и ќе градиме спортски игралишта во сите населени места.


-Илинденските спортски игри (ИСИ) ќе ја прераснеме во манифестација како едно убаво минато, ќе биде еден од најсветлите спортски моменти пред и за празникот Илинден.


-Меморијалниот центар во Облешево, Андреј Митев ќе биде под покровителство на општината, а теренот на кој што се одржува овој турнир ќе добие нов и модерен изглед.


-Турнирот во Одбојка Чешиново и Генерацискиот турнир во мал фудбал во Спанчево и Соколарци. Истите, ќе добиваат логистичка и финансиска поддршка од општината.


-Во Чифлик, Бање, Уларци, Теранци и Кучичино ќе ги опремиме, модернизираме и осветлиме постоечките спортски терени во училиштата.


-Во Бурилчево и Жиганци ќе изградиме мини фитнес паркови.


-Возобновување и враќање на ракометниот клуб Старк.


Во соработка со професорите во двете ОУ ќе формираме тимови за откривање на млади таленти од сите спортови и ќе овозможиме стипендии и помош за овие деца.


Поддршка и плаќање котизација за секој спортски клуб што ќе формира фудбалска школа за да се натпреварува во било која дисциплина и генерација.

Јорданчо Костадинов, кандидат за градоначалник на Чешиново-Облешево

Сподели: