Младинската екипа на „Победа“ од Прилеп е победник на 19. издание на меморијалниот турнир Драганица куп 2025 година што денеска се одржа на теренот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.


Екипата на прилепска „Победа“ беше поуспешна во финалната средба и со 1-0 го победи тимот на „Вихрен“ од Сандански, Р. Бугарија кој остана второпласиран.Треттото место на турнирот му припадна на екипата на „Осогово“ по победата од 1-0 над струмичка „Беласица“ која остана четвртопласирана.


За најдобар играч на турнирот беше прогласен Андреј Петрески од тимот на „Победа“. Со три постигнати голови наградата за најдобар стрелец му припадна на Крум Димчев од екипата на„Вихрен“.


Најдобар голман на турнирот беше прогласен чуварот на мрежата на прилепска „Победа“ Виктор Ангелески без нитуеден примен гол.

Благодарница доби и Судискиот актив при ОФС-Кочани кој ја делеше правдата на турнирот.

Меморијалниот фудбалски турнир се одржува од 2007 година во чест на една од најголемите кочански фудбалски легенди, Драган Михајлов – Драганица.
Годинава на турнирот учествуваа четири екипи ГФК „Осогово“ – Кочани, „Победа“ – Прилеп, „Беласица“ – Струмица и „Вихрен“ – Сандански, Р. Бугарија.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов






