Четврто издание на забавно-едукативниот Паб квиз во Кочани

Во ирскиот паб „Гинис“ во Кочани попладнево се одржа четвртото издание на Паб квиз во организација на Паб квиз клубот – Кочани.


Четириесетина учесници распоредени во 13 екипи се натпреваруваа во знаења од областа на историја, спорт, географија, книжевност и музика при што прикажаа одлични познавања во областите.


Квизот се одржа во четири круга од кои првите три со по десет прашања и последниот круг со одговори по пет прашања.  Екипите „На ваша страна“ и „Че“ поради истиот број на точни одговори, одиграа „мајсторка“ на која поуспешна беше екипата „На ваша страна“.

Првите три екипи освоија скромни парични награди, а беа доделени и вредносни ваучери од Ирски паб „Гинис“ и ваучери од поддржувачи наменети за женски членови од натпреварувачките екипи.

Паб квизот е во организација на Јован Шоповски и поддршка на Андон Гушков, Оливер Досевски и Бојан Зафировски.

Идејата е преку дружба и забава што поголем број на граѓани да се вклучат во Паб квизот, да споделат знаења и да бидат дел од квиз-настан што за прв пат се организира во Кочани.

Паб квизот Кочани се организира еднаш месечно, односно секој последен четврток во месецот во ирскиот паб „Гинис“ во Кочани. Пријавувањето за учество е во порака на официјалната фејсбук страница на Паб квиз – Кочани или директно на лице место.

И. Матеничарски

Сподели: