На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата.

За нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани е избран Александар Андов кој досега ја извршуваше потпретседателската функција, соопштија од партијата.

– Почитувани, сакам да изразам голема благодарност до претседателот Христијан Мицкоски и Извршниот комитет за довербата да го предводам Општинскиот комитет Кочани. Ова за мене претставува чест, но и голема одговорност. Со чесна, посветена и домаќинска работа ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и за развојот на Кочани. Ќе градиме политика заснована на чесност, единство, почит и вистинска грижа за секој човек. Кочани отсекогаш било симбол на истрајност, достоинство и силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, и така ќе остане место на патриотизмот, заедништвото и победничкиот дух. Продолжуваме заедно, силно и посветено за Кочани и за Македонија, соопшти Андов.



