Дводневна обука за библиотекари -„Инклузија, предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“

Во организација на НУ-УБ ,,Гоце Делчев” Штип, од 2-3 април се реализираше дводневна стручна обука „Инклузија, предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“, проект поддржан од Министерство за култура и туризам на Р. Македонија, на која зедоа учество директорот на ЈОУБ ,,Искра”, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова и виш библиотекар Румена Тодорова. 


Со стручен осврт и излагање  учество зедоа проф. д-р Ана Чучкова, при МСУ ,,Гаврило Романович Фержавин” – Свети Николе и со предавање и практични примери, проф. д-р Томислав Таневски, при Музичка академија УГД – Штип и Факултетот за образовни науки – Штип. 


Како соработник во Проектот, чиј координатор е Ивана Стојанова – виш библиотекар,  директорката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова даде осврт и презентација на темата ,,Градење достапна иднина за сите, Инклузивни библиотеки- отворени за сите”.

Како соработник на проектот, свое излагање и работилница, спроведе директорот на ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци, Петар Гурев.

На обуката учествуваа директори и билиотекари од повеќе национални и локални библиотеки, како и наставен кадар, стручни лица, образовни асистенти кои директно работат со лицата со попреченост.

Темата на обуката ги опфати принципите на инклузијата во библиотечната практика и методите на работа со лицата со попреченост. Се дебатираше за предизвиците и можностите што произлегуваат од инклузијата во библиотечната дејност.

Од страна на соработниците, учесниците, предавачите, како и меѓу колегите од повеќе библиотеки беа споделени искуства и добри практики и примери.

Сподели: