Денес во ООУ „Никола Карев“ во Кочани се случи еден убав настан. Причина за тоа беше официјалната промоција на „Извиднички Одред – Никола Карев“.


Одредот всушност работи како секција при ова основно училиште од септември 2025 годиниа, но сега се створија услови да се промовираат новите униформи и извиднички марами.


За почеток има 25 активни членови кои веќе неколку месеци ги учат основните тајни на извидничкото движење. Под раководство на нивниот наставник по географија, Сашко Стефановски, тие успешно ги совладуваат предизвиците за врзување јазли, извидничка сигнализација, ориентација во природа, а имаат и неколку активности во планина.

Наредната активност е планирана за во недела, 15.3.2026година, кога ќе земат учество на меморијалниот марш на Пониква „Ивона Антова и 63 ангели“.

Со тоа ООУ „Никола Карев“ – Кочани продолжува со традицијата да предничи во областа на планинарењето и екологијата на ниво на целата држава.




