Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани денес во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани реализираше крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.


На акцијата крв дарува 13 полициски службеници и истата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Црвен крст Кочани и ОВР Кочани во текот на календарската година спроведуваат три крводарителски акции за вработените во полицијата.

На годишно ниво вработените во ОВР Кочани даруваат близу 50 крвни единици.




