Во Кочани ќе се одбележи Светскиот ден на уметноста

ООМУ „Ристо Јуруков“ и НУЦК „Бели мугри“ Кочани на 15 април 2026 г. (среда) организираат заеднички настан по повод Светскиот ден на уметноста.


Во Фоајето 1 на националната установа со почеток од 18 ч. заеднички на едно место ќе има музика, драма и ликовна уметност.


-Уметноста може да ја разберат луѓето ширум светот. Таа е универзална, нема јазични или гранични бариери, соопштија организаторите на настанот.

Сподели: